Тамошните афекти не му се особени на поединецот: тие се колективни и генерички.
На пример, исказот дека „прекумерната сентименталност што била задолжителната состојба на чувствата не дозволувала никаков вистински објект“ не упатува на некоја типична или особена или својствена идентификациска одлика на машкиот геј-субјективитет сам по себе, туку на особените ефекти што врз душевниот живот на машкиот геј-субјект од времето на Студената војна ги имала неговата задолжителна припадност кон општество кое и најмалата можност за истополова желба или за родово дисидентство ја правело незамислива и непоимлива, а да не зборуваме за можноста да се постапува според неа или да се претвори во истакнат, јавен дел од секојдневното живеење.
Слично така, бидејќи бродвејскиот мјузикл цутел во историски миг кога не можело да се дозволи ништо што било карактеристично геј да стапне во доменот на масовното јавно претставување и бидејќи геј-мажите што го создале можеле да го сторат тоа само ако снаодливо систематски и апсолутно го исклучат сопствениот сексуален идентитет од видокругот во него, протогеј-одговорот на конкретното гејство на бродвејскиот мјузикл нужно подразбирал свест дека машкиот геј-идентитет е систематски и апсолутно исклучен од секаква отворена препознатливост во самиот мјузикл.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ѕидовите на шишето стануваат затвор, го исклучуваат сопственото јас од сѐ, додека во меѓувреме сопственото јас е прогонувано како никогаш порано, дури и внатре во границите на својот сопствен затвор.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)