Сè поголемата комодификација на јавниот простор и контролата врз него (било да е во директна форма на полициска контрола и надзор или индиректно преку архитектурата и просторното планирање) води кон редефинирање на целиот концепт на јавниот простор.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Создавањето на простори на ред, одмор и спектакл во кои секоја интеракција е внимателно испланирана, ја исклучува можноста за непосредна општествена интеракција којашто е толку битна за демократијата и води кон поголема контрола над производството и користењето на јавниот простор.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Графичката сличност на глаголицата со грчкото минискулно писмо е толку мала, што тешко може да се земе предвид во разгледувањето на изворникот на буквите во глаголицата, што наведува на заклучок за некое инакво потекло на нацртот на буквите на писмото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Притоа, никако не се исклучува можноста за слободно и независно творештво на авторот, макар и засновано врз системот на грчката минискула.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој не ја исклучува можноста Македонците да добијат „автономија или независност“ и со примена на вооружена сила.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Овој член не ја исклучува можноста на работникот да му се обезбедат поповолни услови од законски предвидените (чл. 36 од ЗИДЗРО/септ.10). 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Веднаш се исклучи можноста некој да поткажал. Владееше свето братство меѓу козарите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)