искачува (гл.) - по (предл.)

Еве ја, се искачува по стрмното патче од кај реката, сета бела.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога главнината на четата фати позиции, девојките сѐ уште се искачуваа по стрмнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се искачуваше по вишината височината одејќи кон куќата каде што беше закажана средбата, чувствуваше како од Мраморното Море тивкиот ветер ја носеше миризбата на мимозите кои царуваа на островот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше убаво, радосно расположен, чиниш подлетнуваше кога се искачуваше по скалите, упатен на чардакот каде што го очекуваше Татко со отворените книги за јазиците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бевме повикани откако Стефан Лествичник, кој во очите на логотетот, по она лажно видение допрва требаше да се искачува по скалилата на славата и почеста, му беше раскажал на управникот дека отец Кирил фрла хула бесчесна врз зборовите и се свртува кон гласовите како кон идоли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега тие сигурно веќе се искачуваа по онаа угорница, одбирајќи ги неговите вчерашни стапалки и слепо држејќи се за нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, колку повеќе се искачуваше по ричката, зад која беше долката со млаките, кон кои водеше онаа дира, толку почесто здивот почнуваше да му се напнува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ситната и топла песок што го прима неговото големо тело дозволува со саати да лежи врз неа додека од другата страна на реката сонцето полека се искачува по белото небо.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми, следен од Чанга, се искачуваше по дрвените басамаци што водеа до чардакот, а од дворот не стивнуваше нашата песна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Патувањето траеше долго, предолго. Вовчето, мало, старо, со маки и забревтано се искачуваше по ридовите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Брзо се искачував по скалите до станот во кој живееше сестра ми со своето семејство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ама враќањето излегува на друго. Како да се искачувам по некои скали и скалите ме искачуваат повисоко од земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А од полето дотекуваа разни бои, се разлеваа по нивите и по ливадите, се искачуваа по стеблата, заседнуваа на нови височини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)