Спуштајќи се прудолу по падините со себе ја исполнуваа Драмчејци, мала и осојничава заветрина, потоа искачувајќи се, по северните падини на Црн Камен, полека и скалесто, го досегнува сртот на источниот лак и продолжувајќи по него во северна насока во расчекор го фаќа Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Срипа! - Се загледа... Ништо... никој нема... како и вчера, како и завчера, како и сите поминати денови - искачувај се - чекај - заслушувај - загледувај - враќај се накај пештерана - бигорна - молкум бигори прибирај...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Се спушта во малечка заветрина, Јасики, и искачувајќи се по јужните падини на Зајачки Рид испливува горе на ридот и по него се протегнува сѐ до Алилово, односно сѐ до крајот на источниот лак на Потковицата, односно сѐ до конечниот крај на целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одеднаш Јоне ќе викне, и тогаш едната од нив, водачот, ќе пушти глас сличен на овчарско свирење и сите ќе спрснат да бегаат брзо како ветер, искачувајќи се по најстрмните места.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кај потпорниот ѕид над кој се издига Планинарскиот дом Шесте чешми во еден контејнер ги изпразнија ќесите исполнети со отпадоци собрани патем - искачувајќи се по рекреативната патека.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)