искачи (гл.) - по (предл.)

Колоната виулесто, здишана се искачува по стрмнината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Патниците се искачија по класите, а пријателите останаа долу под вагонските прозорци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стар беше дедо Стамен и едвај се искачи по угорницата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ќе се искачиш по тие скали има мала врата која води до моето купатило и уште една врата за мојата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Братучедите, Србин и Шишман по него, влегоа во куќата и се искачија по дрвените вртени скали на катот каде што ги пречека војникот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лазејќи се искачија по скалата и одозгора го погледнаа војникот што ги спобрка ваму.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И во миг изгасна запалената свеќа, се затресе прозорецот, се отвори и зад ридиштата отпрво некоја исконска белина се искачи по небесата а потоа пукна спроти земјата, спроти душата свеченоста на пролетното необјатие.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не можев веќе ниту да замислам да се искачам по скалата; за трапезот веќе воопшто и не стануваше збор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тогаш во куќата, како нешто што е неизбежно се знаеше за една тајна: горната одаја, лево откако ќе се искачиш по скалите од дебели дабови штици, беше непристапна - дебели алки, низ нив поцрнет синџир со врзани краеви од тежок старовремски катинар.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Глигор како мачка се искачи по јажето, за миг само ја затна дупката со своето јадро тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека планинарот се искачува по јажето, тоа може да се откачи и готово е со него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека јас не се искачам по првото рамниште, ти не поаѓаш Разбра?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А и друго: Симон знаеше дека само јас со тракторот можам да возам од браната до Долнец по патот направен од багерите што работеа на браната, откако стариот пат го покри езерото, и дека само јас можам да се искачам по онаа стрмнина до гробиштата на Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Вешто како мачка Пенчо се искачи по железната ограда; остро ми потфрли: - Ајде, што чекаш? Воена музика?...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во полупразната чаша, во која светка верверичкото вино, бубачката плива и безуспешно се обидува да се искачи по проѕирното стакло.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чанга со брзи чекори се искачи по басамаците, до татковата соба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Обидот да се искачите по импровизираното минималистичко скалило за спас од бездна за вас ќе се сруши ко кула од карти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)