искачи (гл.) - кај (предл.)

Се исплашија луѓето и отрчаа на брегот, се искачија кај дувалото да видат што се случува, како дошло до избивање на чад. Гледаат како чадот излегува, се ежат, стравот им лази по коски, слегуваат од брегот исплашено, панично.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По некој ден пристигнаа стручњаци се искачија кај дувалото и зафатија со инструментите да ги мерат гасовите, отровноста, чадот, брзината, температурата, вибрациите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сета душа, што се вели, ми се искачила кај забите, на уста ми застанала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)