искаже (гл.) - свој (прид.)

Но овде гледам скалите му се потребни за да си ја искаже својата постојана амбиција за искачување, за некој вид победа, за која инаку во секојдневието се чуваше да зборува со сиот порив што го чувствуваше, додека во ракописов, бидејќи фикција, што би рекле критичарите, нема психолошка кочница.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Скриени се и недоверливи, но најпосле, кога ќе дојде моментот, и тие, како сите луѓе на светов, ќе го отворат срцето и ќе ја искажат својата благодарност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа станува инжинерско ателје, а уникатните детали на фасадата се можност секој работник и занатлија да ја искаже својата сопствена креативност и неповторливост.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Но стариот Карче не му обрнуваше многу внимание на тоа што прикажуваа луѓето, бидејќи и оние кои најмногу говорат зад неговиот грб, кога ќе го сретнеа, не знаеја како да му услужат и како да му ја искажат својата почит.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се мачеше да најде збор со кој ќе го искаже својот бес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Откако сталожено ја искажал својата поддршка, отрчал и се запишал.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Само со целосно прифаќање на самата стигма човек може да го неутрализира осилото и да го претвори во смешно“, заклучува Естер Њутн.191 ‌Еве, значи, уште еден пример кога геј-мажите изгледа дека го искажуваат својот особен субјективитет и дека изведуваат чинови на културен отпор така што канализираат разиграни, хиперболични или будалести претстави на женското страдање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во своите подоцна напишани спомени (1937) Лозанчев, впрочем, како речиси и сите други што пишувале за Солунските атентати, го искажува своето восхитување кон гемиџиите и нивното дело.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце пред Гоцета го искажал своето огорчување за неоправданите клевети и заплашувања што Гарванов ги упатувал против нив и изјавил дека, ако некои од гемиџиите во Солун, Велес или на друго место настрада од луѓето на ЦК, тогаш тие немало да го бараат физичкиот убиец, туку ќе се одмаздат со убиство на некои од членовите на ЦК.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Името е Василиј, - рече субјектот и бргу почна да ја искажува својата yверска суштина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Што гледаш? се зачуди Миша.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Махмуд Дарвиш мигум се оттргна од внесеноста во пејзажот и со повишен глас, можеби во знак на протест рече: - Да, луѓето се убедени дека јас пеам за Палестина, но јас пеам само за мојата Мајка...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така беше секогаш во долгите разговори со Лакхдар, од заобиколни патишта се стигнуваше до магистралните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаме само една Мајка и тоа засекогаш... Му ја искажав својата согласност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Му го искажав својот восхит за неговиот дипломатски итинерер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тој не сакаше да го прекинува својот пријател, кој немаше пред кого да ја искажува својата радост понесен од своите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во оваа пригода авторот им го искажува својот омаж и големата благодарност на крајот на оваа книга...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замислено го погледна Камилски, не сакаше директно да му противречи на неговиот став или да ја искаже својата отворена согласност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
БАЛКАНСКИТЕ ХЕРМОГЕН И КРАТИЛ
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко како добар познавач на турската османица, но и на современиот турски јазик, заклучи: Во современиот турски јазик, тотално реформиран од револуцијата на Мустафа Кемал Ататурк и зборот бакшиш ќе се најде посредно под ударот на промените, со употребата на зборот bah подарок, дар, простување!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Голем дел од нив си доаѓаа дома барем еднаш на неколку години, по некое непишано правило в лето, за да го искажат својот презир кон плитката памет и лошата материјалната состојба на своите земјаци во татковината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На Трајка оваа и други вакви постапки од Достина страна почнаа да му се бендисуваат и немаше случај да не ја искаже својата наклонетост кон помладата снаа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Многу ме бендиса и сакам да биде моја прва анама – и рече и не испушташе момент да не ја искаже својата наклоност кон младото девојче.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И, секогаш штом ќе почнеше да се смее излегуваше од сенката или поточно сенката наеднаш ќе исчезнеше па таа почнуваше да зборува и многу слободно да се однесува, да ги искажува своите намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, таа отсекогаш беше надарена и од најголемата збрка да извлече лична корист.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А Рајна пак, постојано се бесеше за раката на Анатолиј ако беше близу до неа и не се стеснуваше јавно да го искажува своето задоволство и среќа дека ѝ тргнало од рака, еден заколнат руски беќар да го престори во среќен маж.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Па тоа и за обичен војник е сфатливо и не разбирам зошто токму мене ми се упатуваат такви поучувања или инструкции... - дофрли Кикицас со тон во кој сега изразито ја искажа својата навреда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)