Со нив требаше да се заокружи овој Реквием, во чие поетичко јадро, во неговите првични, рани песни, смртта на поетот е доживеана и искажана во еден неоромантичарски и симболистички пев при првичното модернистичко искуство, како смрт на славејот во занесот на пеењето, кога сето битие на поетот е обземено само од чинот на создавањето на песната и од поттикот таа, долго носена во себе, да се испее, да се забележи и соопшти.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Профилот на политичката понуда искажан во партиските програми е директен одраз на политичките побарувања на избирачкото тело.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Така, Методија само го потврди обвинувањето на Симона, искажано во афект пред Лена.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тоа, се разбира, е благодарно подрачје за некои современи мрежни проекти и перформанси коишто се структуирани како непрекинато откривање на опскурното под површината на убавото тело.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Долгот кон народот и татковината ми диктираат да се искажам во таква смисла.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Лесен, за да можам да го затресувам кога ќе се запраши од погрешни зборови искажани во лутина, што тежат, а немаат тежина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Српската влада, под влијание на една група луѓе што мечтаат за „голема Србија“… го забрани издавањето на весникот, така што ние немавме можност да ги искажеме во целата полнота своите мисли за интересите на македонските христијани”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)