искаже (гл.) - сиот (зам.)

Навистина е тешко да се искаже сето она што овде човек го чувствува од убавините што ги подарила природата - чист планински воздух, и токму тоа досетливиот белгијанец го искористил на овие места да прави таканаречени „бели“ летувалишта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никој не ќе може да го искаже сето она, што се случуваше со тоа ситно, прерано старечко тело, припиено во тие спичави штици со сите четири, додека се спушташе надолу, нити она, што беше во неговите очи, полни со некаква потпечена, лудечка смеа, кога беше долу, исто како да го надмудрил некого и еве успеал пак повторно да се роди, паднат во калта, уште долго време не испуштајќи ја тврдата земја од своите крвави раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)