Во меѓувреме, си ги исече рацете на циркулар, ги стави во вреќата со компирите и нозете на К и ѝ ја испрати назад.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Не ми беше жал, затоа што можеби таквите како Миле ги кршеа лулашките кога беа убави, чисти и нови.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Друг, Секуле, бил обесен зад Куршумли-Ан заради двајца иноверци од латинските мориња, ги носел на душа, му ја зеле душата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Некој ми кажа дека Миле се обидел да ја скрши штицата и си ја исекол раката.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Трет од Јаковиот род, Никанор Набожник, самоповикан псалтик, таен учител, неграмотник во лита мантија, всушност пребојадисана дервишка антерија, со секира му исекол рака на некој Черкез, џамбаз и измамник, и избегал на планина, таму по еден Божик да го расчеречат во свадбарски занес прегладнети волци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)