има (гл.) - додека (сврз.)

Кејтеновиот син, разбирајќи ја мојата мисла, рече: - Слушај Леме, слушај мало будалче, - ме прекори, ова место никој не го знае освен тебе и никој не смее да го има додека не го заслужи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стигнав до подножјето, тука имаше и шума.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Големи маки имаа додека ѝ ги откопачија раширените корења.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога дојдов се исплашив, не се гледаше ридот, ако тргнев десно, таму беа Германците, ако свртев лево, според претставата што ја имав додека го набљудував озгора местото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислите што ги имаше додека беше буден се однесуваа главно на тие соништа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Триста маки имавме додека ја научивме и сестра ми да јаде.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)