има (гл.) - јасно (прил.)

И, иако втората позиција има јасно оправдување, потврда - на крајот, битно е едно дело да биде разбирливо, драмата да може да се игра, а поемата да се чита - арогантниот став на критичарите со кој тие оценуваат дали еден превод е добар или не, од чисто монолингвистичка позиција, повторно укажува на неблагодарното место што го зазема преводот vis-a-vis метатекстот (дело изведено од, или што содржи, веќе постоечки текст), каков што е и литературниот критицизам, сам по себе.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За разлика од Татко, пред овдешните власти, Самир Мустафа имаше јасно партизанско и ангажирано минато.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Поетот, кого што снегот со ненадејното доаѓање, белината и кусовечноста отсекогаш го возбудуваше, имаше јасно претчуство дека ова е негова последна зима.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И додека и кај самите работници и кај пошироката јавност има јасно изградена свест дека работничките права константно се кршат, тоа е далеку од точно во поглед на намалувањето на работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)