Шо има чудно? — го прекина Неда разговорот и ги зеде торбите со ѓумовите — зашто веќе тоа го знаеше. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Погледни ѝ го опашот. - Што има чудно во него?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од тоа руно трпеливо и споро се ронеше тој снег, паѓаше бесшумно и кружејќи, имаше чудно мек допир во својата залебденост, носеше блага вртоглавица во погледот, со онаа чудна развиорена спорост на своите роеви-роеви снежинки, што надоаѓаа повеќе од сите страни отколку озгора, густо и со некаква волшебност исполнувајќи го просторот меѓу небото и земјата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А јас, сине Онисифоре, двапати сум крстен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Првпат сум имал чудно име - Дмитариноариј.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа е таа тевтонска страна на нацизмот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како дел од една стратегија која има чудно двојство во себе си: која создава историја од уништувањето на историјата, која живее од уништувањето како општ принцип и која материјално профитира од создавањето една нова производна гранка: индустријата на деструкцијата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Знам дека извесни американски интелектуалци се чудат што европските љубители на филмот, а посебно Французите, го сметаат Хичкок за филмски автор во смисла во која тоа се слуша кога се зборува за Жан Реноар (Jean Renoir), Ингмар Бергман (Ingmar Berg- man), Фредерико Фелини (Frederico Fellini), Луис Буњуел (Louis Bunuel) или Жан-Лик Годар (Jean-Luc Godard), но што има чудно во тоа?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Пулсот на градот има чудно бавен ритам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не знам зошто
имам чудно чувство
дека секој ден ми доаѓа
судниот ден
па се наежувам од уплав
и морници ме полазуваат
и се замрсувам како долг
многу долг и излитен конец
јазли полн, а трпение немам
да го размрсам!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)