има (гл.) - тука (прил.)

Попис, обичен попис. Место на луѓе – на кози. Што има тука за плашење?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ја има тука во миризбата на неодамнешната смрт, неверојатниот кисел вкус...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Јас си седам тука, го слушам ѕвончето на Белка, сигурна сум дека говедата ми се тука, си држам во рацете дивјачка, и го гледам руменото обравче и ги слушам мушичките како ѕунат низ тревата од горештината, ѕунат, аман Господе, ти се чини улиште има тука некаде и уште што не се пуштило, што не тргнало кон некаде...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа се наведнав и со показалецот нацртав на песокот брод, зашто не знаев да цртам вода.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Што има тука смешно ако е некој жеден, - се налутив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тоа е неговата територија, каде што појавите и случките се одвиваат само поради тоа што ридот го има тука.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Што има тука смешно, не ги разбирам? –отсече Еразмо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Зарем не гледаш/ Сличности има тука) и секако, „Нау, Јо“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И пак непрестајно ме копка прашањето – имало тука или немало православна црква?...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Погледни душо, колку голем избор на зимска гардероба има тука.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И што има тука мистериозно, не знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тука има некаква подивеност! Ѓавол нека го носи! Зар има тука смисла?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Има тука уште една, со три промени на презимето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па што има тука: и јазовци, ластовици градат куќи а не луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Имам тука некаде, не се секирај, не е афро – кола. Двајцата се насмеаја на шегата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Имаше тука и една голема книга со кожени корици и со позлатени букви, кои времето не можеше да ги избрише можеби поради задржаната светост во неа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не знам каква улога имаше тука помајка ми, и покрај тоа што ѝ беше татко ми втор маж, таа многу го сакаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Туку не сакам тој да знае што се има тука набрано.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Шо има тука сега ти да и раскопуаш тиа марази и да чукаш туѓа 'рж?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Он, попот, си избегал оттамо и сега Крчо си е ергенче како сете други, токо гледај ти да не ми мрднеш од белешката оти он одамна а има тука пушката обесена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше тука и јамајкански рапери и американски поп-пејачки и многу електроника и семплови и хорови и цигански трубачи...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
А заправо, има тука некоја логика: земјите се како кујнски садови, а небото над нив им е поклопец.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Затоа денес толку многу нѐ има тука.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Има тука некое големо недоразбирање. (Пауза) Киро е мртов.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не, ова не го разбирам... - Па шо има туа да се разберва?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што има тука за криење, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)