Татко ми, како и друг пат, има обичај да рече Оди поседи на моето место, имам троа работа! и јас послушно одам.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Те сака твојата сестра Фелон" Да имаше троа ум продуцентот Аарон Спелинг и писателите Ричард и Естер Шапиро, оригиналната постава на "Династија" ќе се состоеше само од сестри.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ќе имав троа повеќе време ама неоти ќе разберев зошто некои градови остануваат без жители.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
— Ќе останат и за нас Турци, мајка му стара, ќе протепаме колку да сакате, не брзајте многу! — Им рече на другарите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)