има (гл.) - точно (прил.)

“ ПСАЛМ 2 Изучувајќи ги медицинските науки мене ме возбуди фактот дека човекот во својата крв има точно толку железо колку што е потребно за да се исковат доволно клинци за едно распетие.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Имаше точно 1348 страници на кои беа испишани веројатно милиони зборови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Среќна околност е што во сите едноставни сличаи Ds и Dm (како и останатите дефиниции на фрактална димензија) имаат точно иста вредност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Книгата има точен број страници, државата има точно зацртани граници.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тие го имаат точно истиот “скелет”, во извесна смисла.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ова се луѓе од некој далечен свет, од одредена планета и имаат точно одредени очи, точно одредени уши, одат со нозете на точно одреден начин и носат оружје и размислуваат и се борат, и имаат точно одредени срца и секакви други органи, точно така како што уште многу одамна беше утврдено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Битно е дека ќесата има точно определена димензија – отприлика 50х30 сантима.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)