има (гл.) - сосема (прил.)

Тој малку ќе потчитнеше, благо насмевнувајќи се; но сето напишано му изгледаше како да се случува на Месечината или во кутија кибрит.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сè беше малечко, онострано и често здобивајќи се со карактер на повратна акција; како на обичната, земска стварност да ѝ се придружуваше уште некоја друга, несфатлива, и како последица на тоа сè што се случуваше имаше сосема поинаква, поместена, туѓа смисла.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, тука сѐ уште не сме постигнале многу... Би било логично новите суштества да имаат сосема нови особини...  Овие, под наводници “живи суштества” имаат сосема други особини од биомасата позната на нашата планета.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да не говориме за тоа што опоменатиот сигурно би имал сосема спротивен впечаток, што практично би довело до ненужно не само замерување со пријателот или братот, туку можеби и до болно раскинување.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ина имаше сосема класична несреќна судбина до доаѓањето во циркусот: татко алкохоличар кој умрел рано; останале со мајка им, таа и Светлана; двете се истакнувале во партерна и атлетска гимнастика во училиштето, и по наговор на наставникот, почнале интензивно да тренираат со некој познат руски стручњак кој пребегал во Украина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Утредента, откако ми се заблагодари за музиката, со една еднозвучна учтивост што во ушиве не можеше да не го смали „големото уживање“ што го проповедаа неговите зборови, засмеан додаде, како другар на другар со кого има сосема ист став за работите: „Нели е жив ужас да завршиш ко некоја стара кралица во пијано-бар и да си го лигавиш пијалакот секогаш кога ќе ја засвират ‘Некоја чудесна вечер’!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Расудувај здраво! Постојат многу млади, тие имаат сосема малку живот во себе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но таа случка, анегдота спред формата, има сосема сериозен карактер.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Пред сѐ - таа жена има сосема нездраво... минато. Потекнува од фамилија на наши политички непријатели - комунисти?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Иако зборовите всушност не мирисаа, освен зборот "кадифе" кој имаше сосема дистинктивна арома, неспоредлива со останатите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Змејко имаше сосема црвено лице и веќе беше како дома, префаќајќи нешто околу фенерчето со малечко, топчесто шишенце, многу помало од неговата тупаница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше сосема доволно време да ги нареди коцките. Сѐ му беше разработено до ситница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа си имаше сосема други есапи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако бурната ноќ и кај нив остави трага, озарот на нивните лица имаше сосема друга светлина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Приказната за мојот живот ќе имаше сосема друг тек...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Забелешките на Жари се мали детали, чудни реченици во целата книга; преиначени во визуелна форма од Дишан, тие имаат сосема поинаква тежина.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Будењето имаше два дела: првиот дел беше нормалниот, кога ѕвонарот имаше сосема мирољубив однос.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И не ли значи тоа дека сите овдешни национализми со коишто се хомогенизирани цели нации, имаат сосема нечовечки природи?!
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И, не само што не ја има сосема клоцнато, ами, ете, и цело ќесе пари ѝ даде и ќе и дава ако му оди по ќефот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но сега, без Татко, сите овие книги имаа сосема друго значење, нивниот распоред ја означуваше Татковата стратегија на егзилот, на заминувањето, што го исклучуваше враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тивката балканска ноќ, оваа ракија што допираше до двете души кои талкаа по светот и ги доближуваше суштината на една иста невозможна потрага по патот на јагулите, имаше сосема поинаков вкус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Да беа вклучени тие, Rosenthal ќе имаше сосема поинаква изложба, таква која ќе ги означеше потеклото и дострелите на апстракцијата, но и кршењето на еднодушноста од 60-ите и кревањето на една нова парадигма која доминираше во уметничкиот универзум во последната третина од векот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Што е најважно, има сосема поинаков поглед, гестови, сè! Потполно сте различни!
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
На трупот се напишани зборовите: Моето име е Ozymandias, Крал над Кралевите: Погледни ги моите дела, ти Моќнику, И очајувај! што очигледно имале сосема поинакво значење во нивниот првобитен контекст. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние значи не наоѓаме ништо што засновува значење; само уште зборови (тоа И тоа).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е сѐ што останало од некогаш големото царство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога во шеесеттите родителите започнаа згрозено да констатираат дека нивните деца имаат сосема поинакви погледи на суштинските културни и политички прашања, беше предоцна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Генерацискиот конфликт беше веќе тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес постои црногледа индустрија, што се грижи за редовен приток на мрачни прогнози за состојбата на популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како човек, јас имав сосема изгубено волја да бидам на своето работно место и да си ја вршам работата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од оние на кои не им го знаеш името, ама знаеш дека, ако ја отворат устата, можат веднаш да те проголтаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Беше темна ноќ околу нас, на небото имаше сосема млада месечина, тенка како срп, што не може ништо да осветли, бевме сами во таа ноќ и среде тој страв што мене ми изгледаше голем и црн како некакво страшно и опасно, непознато диво животно од приказните.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)