има (гл.) - сосем (прил.)

Луксузот што овде го гледаме, дури и ако делумно ни се допадне, секако има сосем особен стил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Џулија, во секој случај, ретко имаше сосем слободни вечери.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко се увери дека можеше да се пишува нова историја за османското време само врз основа на автентичните документи која би имала сосем друг поглед врз озлогласените институции посебно во мотивите во промената на Бога, на јаничарството, но и за позитивните облици на соживот меѓу христијанското и муслиманското население во долговечниот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко слушајќи го Али Фети во мигот се почувствува горд што ја наследил приврзаноста кон идеите на Мустафа Кемал и на неговата генерација, но таа блискост имаше сосем друга генеза и карактер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Љуба, овде има сосем малку шеќер. (На Мешаев) Денес, со оглед на настанот, овде кај нас сме малку растревожени.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Да го оставиме настрана фактот (што од оваа гледна точка е малку битен) дека Хичкок мошне јасно и начелно се изјаснил против поставувањето на големите книжевни дела на филмски екран затоа што работата со слики и со звук има сосем друга природа од работата со зборови, но оваа мисла не се чини сосем неточна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Неколкупати имаше изнајмено француски филмови, па кога при крајот на филмот разбра дека ништо не разбрал, увиде дека јазикот го има сосем заборавено или пак дека можеби и никогаш не го научил.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија размислуваше како би изгледала гола. Тогаш би ѝ ја распуштил косата што секогаш ја носеше врзана.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Под нокотот веднаш му излезе модро, ама тој не офна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Интересно: модринката се искачуваше колку што нокотот растеше. Најнакрај имав сосем нов нокот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ништо“, рече, „еднаш веќе така ми се случи и четири месеци гледав како ми расте нокотот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Дури кога ќе го крене да се напие, забележува дека во шишето има сосем малку за пиење.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега, по многу години, овие наста­ни за Татко имаа сосем поинаква смисла од времето кога Мајка ги собираше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)