има (гл.) - слободно (прил.)

Додека целодневното фантазирање ќе го оставиме за некој друг живот, каде ќе живееме многу подолго и ќе имаме слободно време во изобилство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Патниците што се качуваа на станицата кога ќе ја видеа низ вратата од купето каде што се шминка, не влегуваа во купето иако имаше слободно место за да не внесат со своето присуство пореметување во интимноста создадена меѓу машко и женско.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Бидееќи имав слободно време, а и нешто пари заштедено, одлуката падна.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
И секоја животна ситуација ја мериш со аршинот на нивните мудрости: „Кој има слободно време, тој мисли. А кој мисли - работи против државата!“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
На враќање од Хонолулу за Сиетл немавме среќа со авионите, имаше слободно само едно место и решивме Гаврил да се качи на авионот, зашто следниот ден мораше да биде на работа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Речиси сите сакаат риболов, кога имаат слободно време.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)