има (гл.) - сигурно (прил.)

Во разменетите погледи коишто никој не можеше да ги контролира имаше сигурно порака што ја негираше реторичката, диригираната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. имаше сигурно специјални инструкции да вни­ма­ва на секој мој збор, на секој евентуален повик на бли­ските.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По одлепувањето од лизгавата писта (веќе неколку дена истураше) стујардесата љубезно го понуди со храна ама тој одби - каква среќа имаше сигурно на сред пат сигурно ќе го фатеше стомак.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како сон, тој настан си има сигурно своја симболика, но тој е вистински.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зашто од некои причини што не му беа сосема јасни имаше сигурно чувство дека со неа треба да биде што повнимателен. Прелукава е, заклучи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот имаше сигурно чувство дека е ова од прикаската што ќе се развие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше нешто меѓу нас, во тоа сум убеден; имаше сигурно нешто, макар само и флуид, макар и само почеток на љубов, оти зошто таа стоеше токму до мене, додека разговарав со другарот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе има сигурно расправија со него. И очекуваше судир.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се викаше Олга Ничота. Кога ја запознав имаше сигурно близу седумдесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ова прецизирање на крајот од вашата книга Атеистички музеј има сигурно некое посебно значење.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овие книги понекогаш како да се прелистуваа са­ми, кога му беше тешко во животот, но кога имаше сигурно излез. Нова страница.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Јас со страв погледнав во другите деца а тие само неколку бисквитчиња во раце, па ми беше незгодно да го примам пакетчето, зашто имаше сигурно три килограми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)