има (гл.) - секогаш (прил.)

Нив ги има секогаш за распродажба.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
За свадбата има секогаш време, за умрениот нема...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зошто го правеше тоа толку усрдно не би знаел да одговори, но им се препушташе на случајностите, зашто и за нив научи дека си имаат секогаш свој правец.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се качи горе во плевната, наполни едно кошниче со јаболка, за да има секогаш при рака, па се прибра во колибата, која сега, по темелното чистење и средување, имаше празничен изглед.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Било снег до појас. Дошле откај Огражден, минале покрај Дуковските колиби, како да знаеле дека таму има секогаш сè за јадење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А тоа подготвен значеше да донесе повеќе дрва во колибата, да го чува огнот разгорен, да има секогаш топла вода во котлето, за да може веднаш да се свари качамак или компири, тоа подготвен значеше доведување во ред на сè што беше расфрлано, сè што на секој начин беше надвор од вообичаениот ред и поредок во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во исто време како денес?“ „Да, пауза за ручек имаме секогаш во 13 часот“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Жената има секогаш нешто за чистење, па мораш некаде да избегаш, да се подзакриеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бев уверен, пишувајќи, дека книгата има секогаш двајца автори: тој што ја пишува и тој што ја чита.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Претпоставив дека е зафатен во мигот со друга позначајна средба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За пријателите има секогаш време. И разбирање. Си помислив утешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко се прашуваше како можеше Мајка да го има секогаш вистинскиот клуч!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сум ве имал секогаш за свои.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А такви јунаци на совеста имало секогаш.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На стравот што се имаше секогаш на границата, се надоврза стравот на исчекувањето што го предизвикуваше однесувањето на војничето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)