има (гл.) - сега (прил.)

Ќе прокопсаш таму за 25 години. Колку години имаш сега?“ „Дваесет и осум, светол бегу.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сфаќа, дека не може да го поднесе нејзиниот отсјај, зошто ја гаси светлината што ја има сега.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Што ли има сега во мислите на луѓето седнати пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа може да им се забележи на оние што велат оти никогаш немало македонска народност. – Немало, ама ја има сега и ќе ја има за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ете, така ти е кога многу зборуваш! Има сега ти да ми ја туркаш количката!“ – луто му свика К.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
— Да има сега една ракија, вели Цветан, и една здробена марула со варено јајце и сушени маслинки...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напротив, имаше сега и нешто како некоја чудна близина меѓу нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)