Џон забележуваше и искажуваше едно верување што е распространето и трајно меѓу геј- мажите од постоунволската ера, верување што и самиот го имав порано, верување за кое нè учеа дека треба да го сметаме за политички неопходно, како и за политички напредно – односно, дека хомосексуалноста е сексуална ориентација, а не стил на живеење и култура; дека е начисто хомофобично геј- мажите да се претставуваат како носители на некои посебни типични или стереотипни одлики; дека сите геј- мажи се поединци; дека за нас не може да се генерализира како за група; дека воопшто не се разликуваме од нормалните луѓе.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога дојде време да се породи Кала, почнаа истите маки какви што ги имаше порано: ја тресеа трески и од силни болки ѝ идеше да ја искубе косата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)