има (гл.) - подготвен (прил.)

Камилски, кој ја имаше подготвено првичната листа од десет први најопасни турцизми, нестрпливо очекуваше да започнат со вистинската работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше очигледно дека Камилски имаше подготвено вистинско пледоаје за меѓузависноста на лингвистиката и гастрономијата, како вовед во дебатата за османскотурските заемки во балканските јазици и јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој зборуваше со голем занес, како пред катедрата пред некогашните студенти, како при одбраната на својата докторска дисертација во Сорбона.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко не размислуваше многу за да ги каже своите пет први зборови, кои не претпоставуваа бришење од јазиците, туку требаа да го докажат правото на нивниот натамошен живот и соживот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој имаше подготвено листа од педесетина опасни турцизми, па сега не му беше тешко да ги предложи петте први, најопасните: 1. јаничар 2. курбан 3. башибозук 4. зандана 5. кодош.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гоше и Киријаз за секоја вечер имаа подготвено прецизен список на членовите на Друштвото “Осамени срца” со име и презиме, со термин од еден или половина час, во зависност од барањето на клиентите, и со број на соба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Ти води ме низ Индија, оти ја познаваш, веќе си била – рече и ми го подаде атласот и црвеното моливче што го имаше подготвено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од каде знае дека сум била? – се зачудив, но сепак реков: - Не сум била јас, моите беа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тики: Екипата има подготвено специјален програм по повод твојот роденден.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За само нешто повеќе од 24 саата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Забележувам исто така дека лицето ѝ станува сериозно штом ќе стори обид да го смири неразумниот јазик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се чини таа се има подготвено за соочување со секаков вид изненади, оттаму и оној нејзин поглед на победник што не знае да изразува сожалување. Или му е забрането да го прави тоа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Станува збор за борба против окупаторот. За војна. А не за револуционери. И не за некаква револуција – се трудев да дообјаснам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таму тој остана сѐ дотогаш додека учителката не го заврши раскажувањето на убавата приказна што ја имаше подготвено денес за децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Од куферот ги извадив подароците што мајка ми ги имаше подготвено за семејството, од најразлични тракатанци до употребливи работи, а потоа и јас добив подарок од нив - еден голем кафеав ѕиден часовник.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мони извади од кутијата за леб едно меснато, дебело парче бел леб што ѝ го имаше подготвено мајка ѝ за појадок.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го одвитка од пластичната фолија и го стави врз чинијата што ја чекаше на масата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Останатото време во тоалетот го минав обидувајќи се да слушнам дали навистина има некој пред вратата или пак само ми се причинува.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)