Наместо да се запрашам што ќе ни е уште, побогу, да се занимаваме со бродвејскиот мјузикл – или со сентименталните љубовни песни, со дивите, со големата опера, со старите филмови или со совршеното внатрешно уредување – сега кога си ги имаме геј-идентитетот и геј-сексот, јас, ете, си заклучив, иако инстинктите ми велеа друго, дека е поитно да се постави спротивното прашање: Што ќе ни е, побогу, геј-идентитет, кога си имаме (како што сме имале отсекогаш) геј-идентификација?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)