има (гл.) - околу (прил.)

Во јануари 1944 година на Балканскиот Полуостров имало околу 81 сојузничка мисија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во јануари 1944 година на Балканскиот Полуостров имало околу 81 сојузничка мисија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Софија денеска има околу 300 автомобили што вршат такси-служба, но софијанци малку ги користат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Вардарска бановина вкупно имала околу 1.574.243 жители.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во декември 1923 биле дефинирани основите на преговорите за обединување на силите во македонското националн ослободително и револуционерно движење и создавање единствен македонски револуционерен фронт.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имаше околу триесетина години овој кутар божјак, со грпка што му стрчеше под кошулата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од станицата до колипката имаше околу час пеш. Попладнето беше сончево.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во акционерското друштво „Алумина“ – Скопје, кадешто имаше околу 600 вработени2 – според систематизацијата на работните места – Анчевски работеше како ВКВ столар, во столарскиот погон на друштвото.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Читателот ќе забележи дека болдираниот текст во „приказната“ упатува на белешка кон крајот на текстот – коишто ги има околу 160 во целата книга и каде што е разработен и објаснет споменатиот правен институт, се разбира онолку колку што тоа го дозволува расположливиот простор и колку што оценивме дека е доволно за ваков тип истражување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во оваа фабрика, која е најпозната по производството на прашоци и детергенти, беа вработени околу 1.500 работници, а Х. Џ. пред настанување на подолуопишаниот спор имаше работен стаж од 26 години во истото друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова големо акционерско друштво, со прилично сложена структура и внатрешна организација, во своја сопственост има уште десет други трговски друштва – меѓу кои и „Охис Пласт М“ ДООЕЛ – Скопје, кадешто конкретно работеше и X.Џ и каде имаше околу 300 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поранешниот работник Илија Анчевски од Скопје (сега 70-годишен) беше вработен во државната фабрика за алуминиумски полуфабрикати, метални конструкции и ентериери „Алумина“ со договор за работа на неопределено време уште од далечната 1961 година – 36 години пред да настане конкретниот работен спор со неговиот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)