И да имало некогаш таква целост, таа може да се наруши од одот на историските околности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Овде Горѓи го насрчи Толета да го продолжи својот арамилак и му вети, ако има некогаш некоја мака нека го побара него, ако излезе одовде, и тој ќе му помогне со што ќе може.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Таша можеби има некогаш одамна засадено шеќерчиња или нешто слично?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Читаше што имаше некогаш запишано за јаничарите, за јаничарството на својот народ, за тие први везири, (садраземи), министри, војсководци, паши, чиновници на високи државни служби, кадии, имами, дипломати, посебно многу претставници на јаничари по перо, кои ја испишуваа историјата на царството, но и отворено или скришно и на својот албански народ.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Неголема црна и немногу густа брада, онаква каква што можела да ја има некогаш, во подалечното минато, некој велможник под чие чудно око се градел овој или оној манастир , широки подочни коски, светкави заби - таква беше живата икона во рамката на вратата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И во кој дел на Русија останале.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но за какво верување стануваше збор никој не беше доволно умен да објасни Дури никој и не знаеше дали тој воопшто имал некогаш деца.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Некои цвеќенца што не можеле да ги поднесат ни првите есенски утра?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)