На секоја кривина нешто отпаѓа од колата, а кога и рачката од прозорецот ќе му остане во рака, негативецот револтирано вреска: „Да ги ебам странскиве коли!“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Примери за „product tie-in” има навистина многу.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можете да станете горди сопственици на парче филмски хит и тоа со вашите, или имињата навашите производи врз него!
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На навалување на Началството од Потковицата и на Комитетот од Прилеп, и лично на војводите Петрета Ацев и Горчета Петров, бугарските воени власти го оволнија Петара, како хранител на помалите браќа, а тие, Началството, Комитетот и војводите, за да не се дозапусти сосема лозата Младенови и за да има навистина кој да се грижи за сираците, уште истиот ден го оженија со една Дамческа, со Калина Блажева Дамческа, која, пак, се учеше во француското Женско училиште во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Како и да е, има навистина премногу слоеви за читање кај Гринавеј („Бебето на Макон“, на пример, може да се сфати и како филм кој медитира над фамозното транс-историско непријателство меѓу иконофилите и иконофобите?!), но тонот на апокалипсата секогаш е доминантен, не давајќи му кој знае колку простор на, од друга страна сепак прекрасно рафинираниот хумор на Гринавеј, многу суптилно ужлебен меѓу „литерарното“ и филмското”; сарказмот, велам, сепак доминира и често дотура прав врз и онака распаднатите кулиси на еден одамна умрен свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Имаше навистина попски глас, влакнест и леплив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Такви примери во оваа книга има навистина доволно да нè уверат дека не станува збор за случаен избор, туку за систематска постапка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во приквечерјата имаше навистина многу сурфери, плажата Ваикики е вистински рај за нив.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И јасно е, секогаш ќе се оправдам пред секој читател, дека Дури и да сум сакал, дури и да сум ја употребел целата вештина и сила, не ќе сум можел луѓето и настаните да ги внесам во повеста со сите својства што ги имаат навистина, туку само онака како што сум ги видел јас, како што ги виделе моиве очи и како што влегле во мојот слух.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Моите машки геј-студенти, кои на првиот час ми имаа навистина кажано пријатни и предвидливи работи, како на пример: „Се запишав на предметов зашто цело време откако сум на факултет сакав да имам ваков предмет“, набргу почнаа да се однесуваат како расколебани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Крцкањето и цивкањето на пружината, шепотот на Нанчо во кој навираше неговата страст или она женско Не, нее, не така... полекааа... од ноќ во ноќ сѐ побезобразно, сѐ поотворено, сѐ понападно, уште пред самиот да ми рече дека му пререкле од мензата дека треба да си заминам оти скришум ме ранел од таму, појдов до мојот вистински вујко, братот на мајка ми, кој во тоа време имаше навистина светла, просторна и убаво наместена одаја во една од зградите на Автокоманда со молба да ме прибере кај него додека дојдат моите од Војводина.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)