има (гл.) - мошне (прил.)

На едниот крај наоѓаме јазици како што се шпанскиот и финскиот, коишто имаат мошне правилен систем, а на другиот јазици како англискиот и гелскиот, со забележителна мера неправилности.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Затоа неговите филмски приказни имаат мошне сложени заплети, кадешто документите, историските податоци и плодовите на фантазијата се јавуваат фино избалансирани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Исклучок од правилото: Македонија и Босна и Херцеговина, во кои (во обете држави) несловенскиот фактор има мошне силно влијание во формирањето на знамето како државен знак. 106 Margina #8-9 [1994] | okno.mk малку географија Најистакнат пример: Во картите на фра Мауро (ум. во Венеција во 1457) се говори за Rus- sia Bianca, Russia rosa, Russia nera; то-ест, за Бела Русија, Црвена Русија и Црна Русија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
За тоа говори и постоењето на сè поголемиот број скопски шмизли кои немаат ни 3 и пол грама акал, но затоа имаат мошне јасна цел во животот, а тоа е богат спонзор кој ќе им ги пружи сите благодети у животот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Вашите зборови им се потребни само на оние што имаат мошне висока диоптрија на сите сетила!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Хана Хавелкова расправа за феминистичките категории на „јавно/приватно“, „слобода“ и „еднаквост“, докажувајќи дека овие поими имаат мошне различни значења во поранешната Чехословачка и не можат лесно да се применат на истиот начин како и на Запад.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еден ист изворен гест на човештвото може да проистекне од ист импулс, да има мошне сличен ритам, па сепак во својот дуктус тој може да биде закочен и сопрен на сосема различни начини. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 196 Margina #26-28 [1995] | okno.mk 197 КОНСТРУКТИВИЗМОТ НЕКОГАШ И СЕГА Уметноста на надоместувањето Во 17-иот век “анаморфозата” станува мода.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Згора на сѐ, таа е и професионално вклучена во заштита на работничките права – во делот на превентивата и медијацијата – односно го застапува работникот пред работодавачот за да воопшто и не дојде до судски спор, којшто е релативно скап за наши прилики.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што кажува самата, има мошне солидни резултати од оваа проблематика и е задоволна од својата работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа имаше мошне практична примена во градењето на автомобили, авиони, во регулирање на авионскиот сообраќај.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овие пристапи ни овозможуваат да го поврземе машкиот геј-субјективитет со поширок сплет од општествени динамики и културни значења. ‌Несомнено е дека некои геј-мажи нашле во сцената од Милдред Пирс средство за преработка на глетката на мајчиниот бес за да ги ублажат болните спомен-траги од отфрлањето од мајката, отфрлање кое има мошне особени емотивни екоти кај настраните деца.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Или, попрво, штом има мошне добри причини да сакаме да имаме геј-идентитет и геј-мажи, барем некое време, можеме да се запрашаме што е тоа што геј-идентификацијата го прави за нас, а што геј-идентитетот не може да го направи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Материјалното богатство и сетилното задоволство за нас имаат мошне особена функција“, објаснува Бартлет; „тие ги надоместуваат другите облици на немаштија“.262 Бартлет намерно ги оставил непрецизирани тие други облици на немаштија – сигурно имал на ум цела палета општествени и политички лишености – но ја оставил отворена можноста дека можеби има некој мошне особен „глад што зјае под“ нашата потрага по сопствености (175).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Истото важи и за Прустовото портретирање на обидот на детето да биде сакано од мајка си и да ја контролира.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како што „прекумерната сентименталност што била неопходна состојба на сентиментите не дозволувала никаков вистински предмет“ – сентименти кои бродвејскиот мјузикл ги негувал кај своите протогеј-обожаватели, според Д. А. Милер – упорната желба на геј-мажите за скапоцени сопствености потекнува, според Бартлет, од едно постојано чувство на темелна фрустрираност поради тоа што предметите кои најмногу ги посакуваме нам ни се особено недостапни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа, со тоа, дава модел како да се ситуираат драмата на судирот мајка-ќерка, а и глетката на една генерациска борба меѓу жени, во една анализа на симболичните и на субјективните димензии на структурите на општествено значење, во едно разбирање на социјалната и на политичката семантика на еден културен облик што не зависи од клишеата на поп-психологијата и психоанализата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во историјата на хрватскиот народ пророчки стигматизации и визии имало мошне малку.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веројатно, овдека имаме мошне силни навеви од Пруст, кон кого Луан Старова очитува висок респект.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На крајот, се собраа кралските министри на затворен министерски совет и почнаа да мислат, што да прават.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Премиерот вели вака: секако, нашиот крал има мошне елегантна облека, но заради текот на возраста и доаѓањето на привремениот студен бран јас предлагам на кралот да му се сошие нова нова облека и таа да се носи над старата нова облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)