има (гл.) - запален (прил.)

Следниот ден претпладнето излезе од кај Петра во време за кое веруваше дека старците – Најдо и Стефан – уште не ги имаат запалено моторите да излезат од дома да одат на гредата под оревот на средсело каде што ќе се најдат со Транда заради истото помалку пријателско зборување и повеќе заедничко молчење.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Огромно, црвено-жолто, целото небо над езерото го имаше запалено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога се врати, Змејко веќе ја имаше запалено печката и малиот остана маѓепсан од чудото на топлината, заборавајќи наеднаш на неговите прсти, и на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)