А "класиката", како соединувачка сила, како ordo, има загубено многу нешта од својата волшебност бидејќи во новово време таа за жал неретко се профанира станувајќи декоративен идеолошки систем за диктатурите од сите бои.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Едно тригодишно девојче кое очигледно сѐ имаше загубено во толпата, како кутренце цвилеше по нејзините родители.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Кога почна да наближува залезот на Татковиот живот, крај загрижената Мајка, а ние, сите петмина синови и едната ќерка, си бевме создале свои семејства, книгите го имаа загубено некогашното значење.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Имале загубено сѐ, не верувале во ништо, а по тешката работа на пругата, снагата однатре барала починка, сакала да се отпушти.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А кога војниците ѝ објавиле крај на војната имале и што да видат, убавицата веќе одамна ја имала загубено убавината.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)