има (гл.) - заборавен (прил.)

Откако директорите во матичната „Топлификација“ АД – Скопје дознаа дека одредена група поранешни работници ги тужи, реагираат мошне нервозно и им кажуваат оти не очекувале дека 231 ќе се решат на ваков, според нив, „нефер потег“ – зашто тие, како сериозна фирма, наводно не ги имале заборавено и уште еднаш ги повторуваат веќе слушнатите лаги за враќање на отпуштените работници на работа во некоја неодредена иднина, после евенту- алното надминување на кризата и продолжување на нормалната работа на битолското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, тој никогаш за овој случај не се обрати до Трудовата инспекција.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе од половина го имав заборавено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тогаш не беше како сега што имаме заборавено што се тоа волна и млеко.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И толку, зашто зборовите понатаму ги имаше заборавено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Севда го имаше заборавено сонот како што обично соништата се забораваат, но сега зборовите на мајка ѝ ја потсетија на сонот што беше го сонувала и во мислите пред себе го виде вишнеењето како до в небо на оној чадлив оган, чадот во кој се гушеше силата на голем и опасен оган, со матна, отровна темна жолто-зеленикава боја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа и не паметела кој ја има заборавено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- А можеби тој, што ја оставил, не можел повеќе да се врати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во еден од тие самотни зимски денови, ме стресе звукот на ѕвончето на вратата – толку долго никој немаше заѕвонето на него, што имав заборавено дека постои.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш ми ги кажуваше во миговите кога, заради болестите, бев на работ на бессознанието, сега ми ги кажуваше тие зборови полни со презир и потсмев, кога ќе кажев некаква наивност која им прилегаше на моите детски години, ги кажуваше и кога ќе направев некаква грешка што може да се очекува од девојче на таа возраст, а потоа започна да ми го кажува тоа „Ќе беше подобро да не те родев“ постојано, наместо „Добро утро“ и „Добра ноќ“, наместо „Како си?“ и „Дали ти треба нешто?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа ја најдов мајка како го држи в раце, загледана во трагата од крв на парталчето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Отидов до вратата, ја отклучив и ја отворив. На прагот стоеше Клара Климт.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш, преместувајќи го од едно место на друго, го имав заборавено некаде по станот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Толку беше големо тоа негово откривање за себе, дека тој ете пак може и да сака нешто на еден ваков див и само негов начин, да го сака токму вака незаоглавено, дека не го имаше заборавено тоа ниеднаш досега и дека никој не успеал да му го одземе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше добро и мислеше дека никогаш не ќе успее да се замати, а речиси имаше заборавено со кого си има работа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали не ме има заборавено? – се прашаше сама со себе Велика и во сред радосниот занес солзите и навираа на очите, та беше принудена да се секне и да си го брише носот за да си ги избрише и солзите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе ода долу Тиквешиата, ќе се потпра прво до поп Илија во Бешишча, а он ќе ме ставе со Ѓурлукот, Шаќира и други мои стари другари и дејци од комитлакот, белки не ме имаат заборавено за виа дветри години“, — донесе итриот Ѓуро решение, и така направи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таму господ ги има заборавено луѓето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стражарот го посоветувал да вози кон Велес ако веќе има намера да го престигне Штабот; и тој, види му го умот, место да го сврти автомобилот и да се врати дома, тргнува во потрага по Штабот на 23 Пешачки полк.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури почнал да се плаши дека го имаат заборавено.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не ми беше досадно бидејќи го имав заборавено.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Б ми даде детална слика за шоуто на Барбара Волтерс.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
” “Не знам” - отсечно кажа Б, која мрази да ја прекинуваат. 156 Margina #11-12 [1994] | okno.mk “Што правиш?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ами ако дедо ги има заборавено, или загубено - си мислев - што ќе се случи?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Како да заборави дека беше нестрплив да најде работа, но тоа не го имаше заборавено Марко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)