Вода треба да има, вода треба да има достатно. Тоа го бараат културните потреби и брзиот стопански развој. Тогаш од каде нови извори на слатка вода?
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тогаш, напролет, тревата е најбогата со состојки, стоката по цел ден пасе, а и сонце има достатно па лепешките можат убаво да се исушат до наесен.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште не беше утро. но беше лето и во муграта имаше достатно светлина за да знам дека не сонувам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Можеби имаше достатно сигнали во татковата библиотека да не патувам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пред сѐ, моите најрани сеќавања беа сеќавањата за коњите, а моите први копнежи беа копнежите за јавање.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)