има (гл.) - доста (прил.)

Имаа доста стока, ја пасеа по богатите пасишта околу Рајчани. Дури и момоци, пазареа да им помагаат.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во Софија имаше доста учени Македонци, емигранти, печалбари и работници.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце тропна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ќе почнеме со “жетвата“ кога ќе имаме доста “аргати“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Доне му ја даде капата, тој ја распара еден дел од поставата и го стави писмото внатре.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тоа време многу фамилии од нашето село избегале во Бугарија, па имаше доста празни куќи.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ова никако не значи дека Сорос и неговите центри (посебно неговите центри!) се филантропски творби што лебдат на десет центиметри од земјата; сигурно дека има (како и секаде каде што има доста пари и комплицирана човечка инфраструктура) некомпетентност, непрофесионалност, бирократизација, махинации, недоволна отвореност, недоволна информираност, мешање на државата...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А кај мене за јадење има доста. Ете, имам цели ниви со домати и пиперки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И знаете ли, тоа е интересно, имавме доста расправии при изборот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој негов татко имаше доста добар имот на село, но не можеше да сс помири со животот во забатаченото Поле, продаде, ја купи оваа куќа овде, едно нивче, за тутун, и отвори дуќан, брашнарница.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гронинг: (се смее) Точно. Имаше доста некритичност од моја страна што се однесува до одреден дел од прилозите и арт програмите. Веројатно барав незгода.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Каде ќе нѐ носите со детево? ... Зар не ви е грев?... - Кај другите ... Има доста како тебе ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Би имал доста нешта за да се пожалам но женет сум со нив, кутричок сум и се обожавам толку колку што е гнила Сена.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Имаше доста ѓубре, можеби цела недела дедо му не го беше ринел, па доволно се измачи ринејќи го.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Со кого? Со глувци? Глувци има доста. Бори се, Николај Серафимович... Хе, хе... Скучно и грузно.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Заврши школската година. Јас како наставничка имав доста слободни денови.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во тоа имало доста вистина, но правдата што ја делела државата се покажала исто така жестока и крвава.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Треба да се забележи дека во образложението на Судот има доста неточни работи, што гемиџиите не би можеле доброволно да ги кажат, тие, по сѐ изгледа, биле изнудени од властите, зашто им конвенирале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ако се работи за придобивање луѓе, за да се зголеми нашиот кружок, имаме доста ... за работата што ја планираме, имаме доста лица, другари испитани со години, што се во Велес, во Солун... и само чекаат да ги повикаме...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа, Гемиџискиот кружок, иако подоцна, се збогатил со еден повозрасен, бестрашен и искусен член што имал доста врски со Револуционерната организација, како и лично со Гоце Делчев и Даме Груев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Обично ние со него се гледавме само навечер, кога имаше доста работи да се завршат, така што таа негова молчаливост не ми пречеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Министерот на тајната кралска полиција ништо не вели, само нешто си запишува, тој има доста хартија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Министерот за памук и лесна индустрија вели: уште повеќе што за нова облека ние во кралството имаме премногу памук и премногу хартија, со други зборови, ниту едното, ниту другото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога мислеше дека ќе има доста вода за едно такво ситно животинче, тој почна да се спрема за пат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сандакот имаше доста храна за уште овој пат да биде сит. Тоа му беше доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во тие лески имаше доста простор и доста топла земја за во неа да може да се вовлече неговиот самјак и да си ја скрие и својата болка меѓу испреплетканите корења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Јас сум добар. Дуќано добро ни оди, има доста работа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Знаеш имаат доста строг протокол во однос на облекувањето.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Околу Езерото на Преспа - така го нарекле во тие дамнешни времиња - имало доста плодна земја за бавчи и нивчиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Со самото тоа не беше свршено ни со феудалната идеологија, што во Германија сѐ уште имаше доста свои поборници и бранители.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ги имаше доста.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
„Месец, година, сеедно! Има доста храна и книги.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Покај ѕидовите имаше доста столови со испокршени ногарки или скинати седишта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А имаше доста за јадење - за сите!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
БОРИС: Значи ти размислуваш. (Пауза) Јас имам доста интересни размислувања во моите дневници. Пишував дневници во затвор.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За мајските празници добив десет дена наградно отсуство а со мене ги пуштија уште тројца другари од Кавадарци: Киро, Мито и Таки.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
По патот им кажував дека имаме доста овци, па ќе јадеме сирење и млеко, бевме желни за домашно јадење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Меѓу нив има доста од оние што биле во Америка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)