Целиот свет што беше во Детроит, ние небаре си го имавме дома.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се покажа дека Паца тој записник го има дома.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зошто,инаку, еден градежен техничар би имал дома собрани дела на Гете, и тоа не на видно место (како што би можело да се очекува).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Туку седи Силјан и се чуди на тоа што му го кажувале; каква работа ќе биде таа, луѓе невидени ни чуени да му прикажуваат за сѐ што имал дома и за што му се сторило нему и во селото.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
„Ви се молам, браќа мои, кажете ми каква е оваа работа што ми знаете сѐ што имам дома?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Некој велеше дека имал дома сочувано многу весници, во кои било напишано за сите тие работи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Со години се обидувам да се доберам до една од нив (веќе спомнатите Пријатели, објавени во 1986 година), бидејќи навистина би сакала да си ја имам дома.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Книга што се чува во јавна библиотека, чекајќи да ја допре некоја пријателска рака, е една од таквите добра.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Доколку добро и точно бројам, ама и доколку соодветно паметам, оваа книга што неодамна си ми ја испратил по виртуелниот гулаб-писмоносец, епистоларниот роман Потрага по Елен Лејбовиц, би требало да е деветтата книга од Твојот балкански серијал, кој се развива еве полни шеснаесет години.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Малку јас ќе попуштам, малку тие и имаме дома една клима во која сите, и ние родителите и нашите деца се чувствуваме пријатно.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тие ми се најверни другари...“ рече Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сирота мајка му. Јас го имам дома, тука да го гледам и негувам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Беа другарите?“ ме праша мама. „Беа. Врнеше. Право кај нас дојдовме. Бевме гладни. Јадевме леб и слатко од јагоди.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Потоа ги кренав картите таму од каде што ги земав и се колнев дека никогаш веќе нема да ги фатам в раце.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Ако, синко, голема гревота е дете да е гладно. Леб и нешто со леб секогаш има дома“, рече мама.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Тато, Ташко, Влатко, Дејко и Марко дојдоа да ме видат!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Или болна имаш дома, дошла си по вода, вода светена, црковна, болен да напоиш?...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)