има (гл.) - внатре (прил.)

Рангел запираше пред секоја, да поднаѕре што има внатре.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Друг еден стражар почна да тупа по вреќите, да види што има внатре.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој наново почна да чука по вреќите со раката од врвот па сè дури до дното!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Му влагаше кај комшиите дома, ќе отвореше ноќвите та ќе изваеше сѐ што имат внатре и ќе наклаеше сѐ насрет куќа.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Го прашав што има внатре.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Сатенски кратки панталони за степување во мојата нова претстава Гламоур, Глиттер анд Голд.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Премиерата е во септември. Ќе ви испратам покани, се викам Џеки Кертис”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кажи што ќе ти е тоа, што има внатре? –брзо и љубопитно навалував.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите ние ја проценуваме нашата секојдневна пошта, и прилично успешно претпоставуваме што има внатре, без ниту да ја отвориме.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Што сакам да има внатре во мене?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единствената работа што го интересираше Сујак, беа кожите: кон секоја се однесуваше како кон живо нешто, како секоја да ја има внатре душата од животното: кога ќе му ја донесеа кожата луѓето, ја пофаќаше полека, ја вртеше, ја мазнеше со раката по влакното, по крзното, проверувајќи какво ѝ е и дали е некаде дупната кожата при дерењето, дали е веднаш донесена по колењето или е држана неколку дена, та започнала да се смрдува и црвосува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Се завива со сѐ што има внатре, но ништо не помага: ѝ се тресе снагата, ѝ штракаат вилиците; од студ се буди; гледа: Бандо во немирниот сон ја исклоцал со нозете покривката од неа и ја оставил гола.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Некои причини се едноставни, како на пример фасцинацијата со науката.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се сеќавам дека како многу малечок со жилетче ги повредував прстите на сетра ми само затоа за да видам што има внатре.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Дај сега, татко - му рекло - уште двата клуча од двете одаи да видам што има внатре, ако сакаш уште еднто јаболко да ти го даам, да го изеиш и да провидиш.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
До чешмата имало еден коњ со крилја, се опознале со коњо.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ги оставив тие нешта во шкафот, а куферот го наполнив со мои алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го отворив, и оттаму извадив сѐ што имаше внатре – плетено капчуле, ракавички, чевличиња колку палец, пелеринка…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што сѐ имаше внатре?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По враќањето од погребот, жена му на Мил преднаш побрза да го отвори ковчежето од Илко и да види што има внатре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му ја гледам раницата и му ја земам. Посегнувам да видам што има внатре.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)