има (гл.) - безброј (прил.)

Не можеш да ги контролираш, си одат некаде, се враќаат, ти се мешаат, ти се чини дека не би можела ниту една да задржиш подолго време. Па и не можеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, сега, слушај ме внимателно. Во главата сите ние имаме безброј мисли. И секоја си оди на своја страна. Кога си расеана, тие прават што сакаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се смееше и Зрновски. Се смееше и кришум разговараше со Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Глупоста има безброј имиња, си шепотев а луѓето од многу причини не се спремни да спомнат ниту едно од тие имиња“, и продолжував да се смеам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поетите често прават слични работи (иако денес тоа не е баш во мода ). 118 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А: Ѕвонењето престана, зар не? Да, да, ви верувам дека има безброј начини да сокриеш некаква порака во некое музичко дело, како впрочем и во песните на пример.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ние, добри мои имаме безброј примери, кога одлагањето, непочитувањето тешко ни се одмаздува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Таа имаше безброј прашања да ни постави, но молчеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Умираш симболично повеќе пати живееш стократно повеќе имаш безброј животи безброј ликови и сето тоа е - природно и нормално и по сето тоа се будиш наспана преродена за да можеш да поднесеш уште неколку стресови сѐ до следното паѓање во сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)