И потоа, на тркалезна маса, на тема „Зошто има чудесна магија во раѓањето“, родилките везат ли везат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гледаше во својот син, и како да гледаше во лице подеднакво живо какво што беше нејзиното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Беше изградена на еден рид и имаше чудесен трем, со четири мермерни столбови.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во тие мигови кои ги минуваше со синот во очите на таа жена имаше чудесна живост, и во старечките усни кои говореа, и во движењата на онаа рака која не почиваше на раката на синот, туку нежно и весело мафташе во воздухот, следејќи ја интонацијата на зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Дедо ми има чудесни тополи - на крајот од ливадата“, повтори Влатко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)