има (гл.) - чуден (прид.)

Среќен октопод Рачна носталгија Еден пријател има чуден обичај на жените да им бакнува рака. Секогаш ме трогнувал овој гест.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тие соништа имаа чудна сила, невидлива, но доволно силна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Постепено растеше и навиката да се разбудам и со предизвикот на денот да се соочам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако се однесува на нациите, оваа разлика би значела дека нациите можат само да заплашуваат други нации и „една од желбите“ на моќната нација „е да тргува со слабостите на остатокот од светот“ - фраза која има чудни резонанци во денешните денови на таканаречениот - нов поредок на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поезијата има чудна и боженствена сила да ги доведува нештата во ред, омразата да ја претвораат во љубов, а хаосот во хармонија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имам чудна склоност да не им се лутам на луѓето за сторените пропусти толку, колку што се лутам и се јадам самиот себе за сопствените.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кубанските пиперки имаат чуден укус и дебела љушпа, ПеВеЦе патлиџаните можат да седат на собна температура со месеци, џбунестите марули се убави само на изглед, овчото сирење е кравјо, јајцата се мали и бљунтави, кајсиите мирисаат на шаргарепи...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Посетите имаа чуден ред, што отпрвин ме збунува, а потоа исполнува со слатко нетрпение.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Имам чудни претчувства. И мислам дека ќе ми биде потребна вашата помош.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Најпосле Пелагија, крстејќи се, ја крева главата и во очите има чуден, несекојдневен блесок!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во таа област живеат пет-шест илјади ѓаури во дванаесет села што имаат чудни навики.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Дури и слепите партии шах, Што ги играм со сонливиот самоповикан господар На мојата приватност, имаат чуден тек Мојот црн Крал на еф 1 му служи за потсмев Речиси постојано го подложува на заканата Дека за час може да го проголта и тоа Без употреба на расипаните заби и Поспаниот јазик.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)