има (гл.) - црн (прид.)

Се работи за жртва на еден, можеби и на два пиона, од четирите што ги има црниот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едниот од нив беше на среден раст, со калешо лице и имаше црни засукани мустаќи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Слободно ли е да седнам во вашето друштво? - праша главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И не можевме да разбереме дека има црни луѓе со дебели бузи и широки носеви, а и луѓе со коси очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Луминозноста не може да има црна боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа беше жолтеникаво платно отпечатено со црвено, а на средина имаше црн крст.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јагнето имаше црна дамка на челото, црно опавче, па лесно можеше да се разликува од другите јагниња.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Едниот од нив врз левото око имаше црно парче крпа заврзано за главата со ластик.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од Преспани се разликуваат не само по зборот, туку и по изгледот. Имаат црна коса, коскеско лице, испупчени очи и орлови носеви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А вака мораш да внимаваш, а мислата ти бега кај црното кутренце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во мигот кога заѕвони со Дејко срипавме: „Имаме црно кутре... сосем црно кутре!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Часот се издолжи. Барем во лекцијата да имаше нешто во врска со куче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И макар што самата облека беше над секаква пофалба, народот од кралството свечено ветуваше дека мошне бргу кралот ќе добие облека уште подобра од оваа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Секако, секое семејство има црна овца, така и меѓу жителите на кралството се сретнуваа личности, што сметаа дека облеката на кралот не е сосема добра, дека кажано со други зборови, кралот би можел да биде подобро облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)