Сокол Мечевски имаше цврст карактер, големи работни навики, беше реален и чесен.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
- Татко има цврст организам, - продолжи синот, - вистина исцрпен, ама го крепи и карактерот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тој одеше сигурно, со познавање на патот, како што оди човек што има цврста намера и сигурна цел.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Најдобри и најподатливи за работа му беа камењата што ги вадеше од длабочините на земјата: имаа цврста срцевина; кога ќе ги извадеше, како да се заслепуваа на сонцето, невидено светлина од своето формирање.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Остануваше со неразјадена поврвнина и под јужниот снег, имаше цврсти корени и во скочанетата земја, неговиот проник го имаше склештено сиот горен дел од пиланата, исполнувајќи ја и буката, а тој се наоѓаше загнезден и во внатрешноста на пиланата, во него беа склештени и сите делови од машинеријата, што доаѓаа во допир со водата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А имала цврсти докази дека Благоја е таму. Во Виена.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Кога ја прашав како влегла овде, кој ја довел, таа се насмеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во млекото има калциум. балерина треба да има цврсти коски.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Освен тоа, ’frontier’ интегрира (затоа што им дозволува на аутсајдерите да се адаптираат на моделите на однесување на таа држава, а на луѓето внатре во државата им овозможува уредна транзиција 4 Ibid., p. 216. 5 Види Hastings Donnan and Thomas M. Wilson, Borders: Frontiers of Identity, Nation and State. (Oxford: Berg Publishers, 1999), 45. 14 кон местата и луѓето надвор од границата), додека ’boundary’ по својата природа одвојува (затоа што постои заради раздвојување на населението и политичките тела, за правење разлика помеѓу инсајдерите и аутсајдерите, за контрола наместо за интеракција).6 1.2 Функции на границите Етимолошки, границата има цврсти корени во земјата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Просторијата за посети, остаток од некогашен манастир, беше комбинација од ќелија и исповедалница.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
– Чудно – рече Сатурн. – Таа секогаш имаше цврст карактер, со многу самоконтрола.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Вистината не треба јасно да се декламира, таа е пуштање на крв од срцето.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Секој оној што има цврсти уверувања е глуп.“
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Статичните култури имаат цврсти, железни лингвистички заштити против промената.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нивните медиумски јазици се само-реплицираат преку повторување, учење напамет и сл.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)