Врз нив државата има фрлено анатема.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Есента таа година од Берлин пристигна сестра ми Марие, неколку дена откако ќерка ѝ Марта се имаше фрлено од еден мост во Шпре, во која неколку години пред тоа се беше удавил и син ѝ Теодор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сигурно го има фрлено и отепано маската! Зошто ами не го донесе?
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Само уште неколку дена имаше до крајот на годината и јас веќе, што се вели, ги имав фрлено книгите настрана, а брат ми, глава да не крене од учење.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сопругот ѝ беше одамна мртов.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)