има (гл.) - тажен (прид.)

Сотирчо има тажни очиња, само малку да се стиснат клепките и од нив ќе потечат солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Има среќни денови, има тажни денови, има несреќни луѓе, а постојат и такви кои можат да ни го сменат животот засекогаш, без да се покаат за последиците, без да ја платат цената, без да се соочат со резултатите, зошто полесно им е да заминат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби се врзував од сожалување зашто имаше тажни коцкарски очи и желба за доминација.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ќе има тажни очи - Јаго, Скапене, Ранго, зошто ми се плаче кога ќе видам питач? Кажи зошто?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Оној што е убав, има тажни очи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Земанек имаше тажен живот; израснат без татко, со мајка и помала сестричка, тој го имаше преземено бремето на глава на семејството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па тоа се слуги на кукавичлукот, издаици, неверници.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)