има (гл.) - страшен (прид.)

Сиот растреперен ми се жалеше дека таму луѓето имаат страшни и напрегнати лица и дека насекаде му мириса на лага и расипаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Два дена пред да отиде за Охрид, имавме страшна караница.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Никогаш во животот не бил на кампување и имаше страшен отпор кон извршување на физиолошките потреби по грмушки.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ох, Мила, Мила, мојата другарка, мојата драга другарка, си повторував во себе и не се осмелував да го распрашувам за детали.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мила, тетка Вале и чичко Ставре имале страшна сообраќајна несреќа. Биле тешко повредени. Мила најтешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сѐ построго станва, има страшна пропаганда против употреба на македонскио јазик со закани, апсења, протерувања.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ова прашање може да има страшни последици за сите расправи и сите политики на културниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тие имаат страшна моќ над него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Покрај тоа што и лицето ѝ беше дебело, имаше страшни, жолти очи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Свртен во профил, очите во кои некогаш се вљубив и за кои порано мислев дека се зелени, одеднаш ми се видоа жолти како очите на мачката.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми велеа, седи уште малку, ќе свикнеш, но јас имав страшна носталгија.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)