има (гл.) - стар (прид.)

За Татко, на пример, јаничарството како институција, им припаѓало речиси на сите империи во минатото, но во Османската Империја добива посебен белег, зборот имал стара и нова конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еден посебен дел на кој во средината имаше стара количка, целиот беше цветен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сосема на другата страна имаше стар бунар на кој висеше ведро за вода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сликите, стиснати во рамката на отворениот прозорец, беа необично живи и подвижни, затоа во собата се беше во некоја темна, студена неподвижност, сѐ, дури и оној мирис што го имаа старите куќи во занемениот град.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во една соба, која одделно стоеше во дворот имаше стар дрвен разбој и јас по цели часови ѝ досаѓав на тетка Рајна со прашања за тоа како се вика секој дел од разбојот и како се ткае.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Само, на едниот агол од дворчето мора да има старо дрво зашто на него треба да биде закачен кристален лустер, од оние грчките, а од него светлината да паѓа врз маса направена од дрвени талпи, поминати само со една рака боја и доволно голема да собере барем петнаесеттина гости.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Прават одлична рибина и јагнешка чорба, а покрај тоа, во дното на ресторанот, има стар џубокс со синглови на Хендрикс, Doors, Eagles.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во близината имало стари гробишта и мала црквичка.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дали имаше стари? Не. Беа само млади, Млади, велам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
еден параглајдерист си има стар обичај одозгора да им ги слуша мислите, а не рикањата на магарињата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Колку убави мермерни скали имаше старата куќа во еврејското маало и колку змиулесто беа поставени!
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Имаше стари енциклопедии, книги од областа на астрономијата, историјата, правото, историјата на религиите, речници, граматики, мапи, атласи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)