има (гл.) - среќен (прид.)

Па тоа се слуги на кукавичлукот, издаици, неверници.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Има среќни денови, има тажни денови, има несреќни луѓе, а постојат и такви кои можат да ни го сменат животот засекогаш, без да се покаат за последиците, без да ја платат цената, без да се соочат со резултатите, зошто полесно им е да заминат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Сѐ додека веруваш во тоа. Куќите се исто како луѓето, има среќни куќи и тажни куќи. Секако дека тоа многу зависи од луѓето што живеат во нив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За љубовта која што многу ретко има среќен крај и за машката тага растопена во литар со литар (смедеревка&кисела).
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не знаеше како би реагирале. Сестра ѝ Пандора беше со стројници омажена, но имаше среќен брак.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Некои геј-мажи навистина си ги почитуваат историските претходници, како што сведочи книгата на Бартлет за Вајлд.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Впрочем, во голема мера ја земаше здраво за готово претставата дека машката хомосексуалност како културна практика се состои од низа поткултурни реакции кон главнотековната култура – имено, од запоседнувањето и преозначувањето на хетеросексуалните облици и артефакти. ‌Но, тешко дека сакам да го одрекувам и да го потценувам постоењето на геј-култура што ја создале гејови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем дел од изворната машка геј-култура не почива врз идентификацијата со негеј-ликови и со негеј-општествени и културни облици, туку врз самиот машки геј-идентитет и врз трудот тој да се истражува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите и понатаму трагаат по свои прикази и по одрази на своето постоење во културните творби, а заинтересирани се да дознаваат за други геј-мажи од минатото и од сегашноста, да откриваат како геј-мажите си ги раководеле животот, љубовта, борбата за слобода и за достоинство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За тие цели, геј-мажите создале жив, многуопфатен експлицитен корпус од пишани, филмски и музички дела, знаменита акумулација на научни и критички трудови, како и институционални простори за натамошно проучување, размислување и откривање. ‌Понатаму, постои обемна популарна литература чија цел е да шири меѓу геј-мажите корисни сознанија за геј-мажите, од совети за дотерување, преку геј-историја, до што да се очекува од една геј-љубовна врска.436 Оригиналното издание на Радоста на геј-сексот (The Joy of Gay Sex), објавено во 1977 г., содржи не само илустрирани написи во кои се опишуваат разни сексуални пози туку и објаснувања што се тоа дискотеки, зошто геј-мажите одат таму и како треба човек да се однесува во нив, како и написи за особената важност на пријателствата во животот на геј-мажите или за тоа како човек да се справува со љубомората, а, сепак, да има среќна врска што не е сексуално исклучива.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јасер Арафат имаше среќен израз на дете кое најпосле ја добило најсаканата играчка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трошка надеж за уморното човештво од израелско- палестинскиот спор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Филмот мора да има среќен крај. 24 Margina #21 [1995] | okno.mk - Во сцената на злосторот и заведувањето, Ричард не се однесува како негативна личност, зарем не?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
„Честиш?“ праша Ташко. „Ама, зошто прашуваш, јади, кога ти даваат!“ кусо одговори Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Чоколадата не е важна. Сликичките се важни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Точно е тоа дека јас ги купував чоколатцата: имав среќна рака и ретко извлекував дупликати.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Навистина, ништо чудно, ништо лошо. Кој не би го сторил тоа - за Соња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Е, малечок, си имал среќна рака: од дваесетте ниту една не се повтори.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Италија ќе има среќна иднина со нас! – Што можел друго да рече.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше среќен израз на лицето. Последниот кој го запаметив.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)