Само, се разбира, кога имаше специјални гости земаше готвач од хотел.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Чув дека за растурање на демонстранти во париската полиција имало специјални борбени одреди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На Елисејските полиња и на некои други места во Париз, мислам на „Сен Жермен де Пре“, има специјални дуќани, овде ги викаат „американски“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Маргиналецот има специјална анти-зомби стратегија: во тајни куферчиња (ко што имаше Мелани Грифит во Shining Through, веднаш покрај исечените прсти на непријателите и контрареволуционерните ТЕКСТОВИ: Дерида, Бодријар, Слотердијк, Фаерабенд, Витгенштајн, Дишан, Ворхол, Џојс, Музил...) и во специјални теглички допола наполнети со специфичен наркофилски етер, се чуваат како смалените глави на декапитираните конкуренти така и одредени восочни фигурички - слика и прилика на локалните зомбии; и игли за коса, фала богу, ко во филмот „Матадор“ на Алмодавар.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Научниците се многу креативни луѓе кои имаат специјална дарба да ги импровизираат и комбинираат нештата на најдобар можен начин.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Уште долго останав сама во собата, загледана во празно.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Како ли се концентрирам, си мислев и му завидував што во Индија имаат специјални учители за концентрација на мисли.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оди кај што ти е мерак!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој имаше специјален систем, суптилен и модерен и што се вртеше на сите страни и дури наопачки...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Откачи го останатото!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Растенијата си имаат специјални сокови кои го прават листот еластичен, сјаен, радосен, а со често туширање сокот се отстранува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)