има (гл.) - сличен (прид.)

И двете алтернативи имаат слични, минимални финансиски ефекти, но најчудно е што не постои реална врска меѓу првите и вторите институции.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Откако прашокот веќе го испразнив врз алуминиумската фолија и откако се ослободив од неговите нечистотии, можам да почнам да “го ловам змејот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ставаат секакви срања во хероинот во денешно време - како најчест загадувач го користат манитолот бидејќи ги има сличните особини на хероинот; манитолот е лаксатив.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, терапевтот може да понуди идеи од неговото (или нејзиното) животно искуство или пак од други пациенти кои имаат слични проблеми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И вкусот на главното јадење што мене ми се сервира има сличен, неподнослив, смрдлив вкус!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Еден толку несмасен човек беше тој мајсторот, а брат ми имаше сличен оторбешен изглед на лицето: таков го виде мојата предсмртна пакост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Луѓето се очајни за забава; толку се очајни што и кога нешто не е смешно тие се преправаат дека е.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Гронинг: Сите писатели имаат сличен став во однос на ова прашање.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секаде каде што има слична потреба за промени, Ве овластувам да ги направите потребните измени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сите ние сме слични. Имаме слични проблеми, само што се различно спакувани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Бидејќи во мислите имаше слични мигови, си рече дека сигурно го фаќа треска и присилувајќи се да се смири, се сети дека вратата е заклучена.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И Трајан Блосоениот имаше сличен живот на нив; и тоа уште од раѓањето, речиси.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Имаше опипливо чувство на гнев уште во приговорот на Џон од Анаполис против мојот предмет: не, тврдел, геј- мажите не се модни зналци, не се ни познавачи на дизајнот, како што некои би сакале да мислиме, а не се ни мераклии да се облекуваат како жени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лесно може да се замислат запрепастеноста и гневот на стоунволската генерација поради ова враќање на потиснатото во полето на машката геј- самоидентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Можно ли е дека биле во право ужаснине многузналци и дека хомосексуалците навистина се ’третиот пол?‘“ прашал со неверување Едмунд Вајт уште во далечната 1969 година.340
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Многумина геј-мажи денес може да имаат слични реакции. ‌И навистина, сведоци сме на цела низа такви реакции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А ако некоја имаше слични работи, тие и беа толку многу износени што веќе сигурно беа отворени на средината.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)