Наоколу немаше телекрани, но сигурно имаше скриени микрофони; освен тоа, можеа да бидат видени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Мојот пријател, амбасадорот од Скопје го гледам и денес во меѓународните емисии, вести.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
„... Потоа отидов во котларницата каде што ја имав скриено пушката, ја наполнив, ставив фишек во цевката и со пушката откочена, на готовс, тргнав кон канцеларијата на директорот со пушката пак во најлонската вреќа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Имаш скриена камера
снимаш научно-популарни филмови.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во старите времиња, тој имаше скриени еретички мисли под маската на конформист.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби во таа геометрија има скриена симболика.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)