има (гл.) - сериозен (прид.)

Стануваме, се собираме и со крупни чекори доаѓаме до колата, застануваме и играме на Big Time Sensuality и имаме сериозна дискусија околу These Animal Men, двапати го пуштаме синглот, многу гласно и во 19.40 бришеме од паркот, нурнувајќи се во блескавата и бескрајна 1001 ноќ.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И додека го пишувам ова сфаќам дека е глупост (и фала богу што е така).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Андон ретко се среќаваше со Круме Волнаровски, но секоја нивна средба имаше сериозен карактер, пред сè службен.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И, додека тој имаше сериозна љубовна врска, таа имаше сон, а сонот ѝ беше тој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Директорот и претпоставените се однесуваa во рамките на нивните службени овластувања, работното време се почитуваше, а платите и придонесите навремено се подмируваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Што се однесува, пак, до материјалните и просторните услови во коишто се одвива процесот на производство, Ф.И. има сериозни забелешки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш после добивањето на отказот тој, по консултацијата со претставници од правната служба на синдикатот како и со адвокат (Љ. Т. Илиевски), кој понатаму правно ќе го застапува во сите фази на работниот спор, се решава да покрене работен спор пред надлежниот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
91 Треба да се потенцира дека работниците, и пред и за време на штрајкот, на повеќе наврати се обраќаа до Трудовата инспекција, меѓутоа од нивна страна немаше никаква реакција, за што Ѓорѓиев- ски има сериозни сомненија за корупција кај инспекторите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во март 2010, повисокиот судски совет (во состав од судиите: Љ. Нешкоски – претседател, П. Јадровска и А. Настевска – членови), донесе второстепена пресуда со која жалбата на Ѓорѓиевски ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд од Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу пресудите на 92 Основниот и Апелациониот суд во Битола, Ѓорѓиевски ќе додаде дека многу не го изненадиле, со оглед на фактот што има сериозни сомневања оти судиите суделе во корист на бугарските газди, откако претходно биле компромитирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се разбира, има сериозни етички проблеми во врска со употребата на симулацијата во Заливската војна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ваквото дополнување е направено во насока на дополнителна заштита на лицата во работен однос и барателите на работа од отсуството на културата на толеранција на некои од работодавачите кон оние лица кои не припаѓаат на иста етничка група како нивната, која може да има сериозни импликации по нивните права посебно во мултинационално општество како нашето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Станува збор за работи кои имаат сериозни последици, и оттука одлуките за проектот не смеат да бидат засновани на интуиција, водени од езотерични определувања или препуштени на случајот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)